Ѓоковиќ: Сакам реванш против Јаник Синер

Новак Ѓоковиќ се подготвува за почетокот на турнирот во Шангај, а по тој повод одржа прес-конференција.

Српскиот тенисер е свесен колку е обожаван од навивачите во Кина, а вели дека е подготвен и за реванш против еден од најдобрите тенисери на денешницата, Италијанецот, Јаник Синер.

„Би сакал повторно да играм со Јаник, бидејќи тоа значи дека сум стигнал до полуфиналето. Ќе видиме. Тој победува во повеќето наши натпревари во последно време. Ме победи во финалето минатата година, беше добар натпревар“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...