Ѓоковиќ: Само две работи ме интересираат сега до крајот на кариерата

Новак Ѓоковиќ одлично го одигра мечот против Јоаник Ксилас во Дејвис Куп-пресметката во Белград.

Според многумина Ѓоковиќ, откако освои се што можеше да се освои, сега веќе нема доволно мотивација за понатаму. Но, популарниот Ноле вчера после победата во Белград потенцираше дека има уште две работи кои го тераат да се буди секој ден со помисла да излезе на тенискиот терен.

„Од сега па понатаму во тенисот ме интересираат само две работи. Веќе воопшто не ми е важен пласманот на АТП листата, ниту пак учество на завршниот Мастерс турнир. Тоа повеќе не ми е цел и морам да кажам дека кариерата на другите турнири ми е завршена. Дали ќе играм и каде ќе игра не можам да знам. Имам само два приоритети. Тоа се играњето за репрезентацијата на Србија и грандслем турнирите, се останато е помалку важно. Сакам прво емотивен и ментален одмор, а потоа продолжувам, па дополнително ќе одлучам уште колку…“ – истакна Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...