Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ ќе игра уште едно полуфинале на Австралија Опен откако во феноменална пресметка против Карлос Алакраз во четвртфиналето славеше со вкупни 3-1 во меч кој траеше три часа и 37 минути.
Србинот не го криеше задоволството од победата, велејќи дека се чувствувал како да игра финале, а имаше и пофални зборови за младиот противник.
„Најдобриот натпревар на турнирот за мене, веројатно еден од најдобрите натпревари на турнирот оваа година. Горд сум што протуркав четири сета. Карлос внесува многу интензитет на теренот, секогаш барајќи го најдоброто од противникот за да има шанса за победа. Почнав добро, беше изедначено, па кон крајот на првиот сет се повредив. Го загубив првиот сет, се вратив и некако го земав вториот сет. До крајот на вториот сет почнав да се чувствувам подобро и да се движам подобро. Се чувствуваше како гранслем финале, таква беше енергијата на стадионот. Му давам заслуга за борбата“, започна Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

