Ѓоковиќ: Се имам дружено со Рафа, но не сме пријатели

Во интервју за „Кориере дела Сера“, Новак Ѓоковиќ повторно проговори за својот однос со еден од своите најголеми ривали, Рафаел Надал.

„Никогаш не бевме пријатели. Рафа е само една година постар, двајцата сме близнаци во хороскоп, двапати бевме на вечера заедно, но пријателството со него е невозможно. Отсекогаш многу го почитував и му се восхитував. Невозможно е да се биде пријател меѓу ривали, но никогаш не сме биле непријатели. Благодарение на него и Федерер, станав ваков“, вели Ѓоковиќ.

Тој откри и што најмногу почитува кај Шпанецот:

„Има многу работи што ме инспирираат во неговата кариера. Најмногу од сè, упорноста, посветеноста, борбениот дух. Неговиот менталитет на шампион кој никогаш не се откажува и секогаш, колку и да е тешко, наоѓа начин да победи“, заврши Ѓоковиќ. 

Се вчитува...