Ѓоковиќ се издигна по лошиот старт и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во полуфиналето на вториот Грен слем годинава Ролан Гарос, откако вечерва после повеќе од три часа игра, го совлада Александар Зверев со 3-1.

Ѓоковиќ лошо го почна мечот, го загуби првиот сет со 6-4. И кога се чинеше дека Зверев има контрола, Србинот се врати и израмни на 1-1 откако го доби сетот со 6-3. Третиот сет го доби со 6-2, а четвртиот со 6-4.

Зверев успеа во финишот и да го намачи српскиот тенисер, и спаси четири меч топки, а Ѓоковиќ ја искористи петтата за да слави конечен триумф.

Дуелот го одбележа и маратонски поен со дури 41 удари меѓу двајцата тенисери, како и скандирања од публиката поради кои беа оддалечени двајца гледачи, меѓу кои и една жена.

Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето со Јаник Синер, кој претходно го „збриша“ Бублик со 3-0.

Се вчитува...