Ѓоковиќ се мачеше со брејк-топки, но на крајот сепак славеше против Фриц

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се пласираше во ново полуфинале на Австралија опен откако денеска во крајно интересен натпревар славеше над Американецот, Тејлор Фриц со 3-1, по сетови 7-6, 4-, 6-2 и 6-3.

Првиот сет донесе голема борба на двете страни. Ѓоковиќ во текот на целиот се беше подобар противник, но откако не успеа да искористи дури осум брејк топки, при негатива од 5-6 мораше да се извлекува спасувајќи две сет топки. Откако успеа да се извлече и да го одведе мечот во тај-брејк таму без проблеми славеше со 7-3 за водство од 1-0.

Вториот сет продолжи во сличен ритам. Американецот прв стигна до брејк, а откако Ѓоковиќ не искористи нови седум брејк топки, Фриц израмни на 1-1 (4-6). Во третиот сет Ѓоковиќ конечно успеа да освои гејм на противникот искористувајќи ја дури 16 брејк топка, па на крајот со двоен брејк стигна до 6-2 и водство од 2-1 во сетови.

Во последниот сет Ѓоковиќ прв стигна до брејк, по што веднаш следеше одговор на Фриц, но со својот втор брејк во овој сет Србинот ги реши сите дилеми околу победникот 6-3.

Во полуфиналето Ѓоковиќ го очекува подобриот од дуелот меѓу Јаник Синер и Андреј Рубљов.

Се вчитува...