Ѓоковиќ: Се надевам дека ова е таа година

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше многу расположен откако се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Бризбејн, со дваесеттата победа во дваесеттиот меч против Гаел Монфис.

Ѓоковиќ ја брка титулата број 100 во кариерата, на турнир кој го нема се уште освоено.

„Го немам освоено овој турнир. Се надевам дека ова е годината. Сум играл овде неколку пати. Во 2009 година, играв и во АТП купот… Секогаш кога играм овде, навивачите се страствени, им благодарам бидејќи се неверојатни“, изјави Ѓоковиќ. 

Ѓоковиќ во четвртфиналето за противник ќе го има Американецот, Рејли Опелка.

Се вчитува...