Новак Ѓоковиќ се огласи доцна синоќа околу ситуацијата која се случи на мечот меѓу Џек Дрејпер и Феликс Оже-Алијасим во осминафиналето во Синсинати.
Српскиот тенисер ја нарече целата ситуација срамна…
„Срамно е да немаме повторена снимка за вакви ситуации на терен. Тоа што е уште поневеројатно е да нема правило со кое на судијата на стол ќе му се дозволи да ја промени одлуката на основа на повторена снимка“ – напиша Ѓоковиќ.
Србинот зборуваше за ситуацијата кога Дрејпер освои меч-поен а топчето претходно двапати отскокна, од тлото и од неговиот рекет, пред да мина на спротивната страна.
„Сите кои гледаат ТВ може да видат што се случи на повторена снимка, но играчите на терен се држат во “темница“ и не знаат што се случило. А живееме во технолошки напреден 21. век“ – дополни Новак.
I don’t think I have ever seen a shot like this https://t.co/UpAZhoprWH
— Stefanos Tsitsipas (@steftsitsipas) August 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА