Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, првпат се јави во јавноста и ги коментираше позитивните допинг тестови на светскиот рекет број 1, Јаник Синер.
Синер во март годинава имал два позитивни теста, за присуство на клостебол во телото, по што Италијанецот отпушти двајца членови на својот стручен штаб.
„Разбирам дека играчите се фрустрирани од недостатокот на конзистентност. Гледаме недостаток на стандардизирани и јасни протоколи. Можам да ги разберам чувствата на многу тенисери кои се сомневаат дека се третирани подеднакво, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата пред УС Опен.
Претходно, Австралиецот Ник Кирјос и Канаѓанецот Денис Шаповалов го изразија своето незадоволство од прогласување на Синер за невин и покрај двата позитивни допинг теста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

