Новак Ѓоковиќ го очекува нова пауза од тениските терени откако српскиот тенисер беше принуден да го откаже настапот на Мастерс-турнирот во Мајами.
Србинот играше во Индијан Велс каде по голема борба загуби од Дрејпер, а токму на тој дуел Ѓоковиќ се жалеше дека има проблем при сервисот. Деталните прегледи покажаа дека Новак има повреда на десното рамо поради што ќе мора да паузира извесен период, поради што тој мораше да го откаже настапот во Мајами.
Останува да се види кога Ѓоковиќ ќе го видиме повторно на терените, но едно е јасно, неговото неиграње во Мајами ќе придонесе српскиот тениски великан да падне на четвртото место на АТП-листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

