Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето во Шангај

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Шангај.

Србинот денеска во четвртфиналето во интересен натпревар славеше над белгискиот тенисер, Зизу Бергз со 2-0, по сетови 6-3 и 7-5.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против сензацијата на турнирот, Валентан Вашеро од Монте Карло кој славеше над Данецот, Холгер Руне.

Се вчитува...