Фудбалската репрезентација на Србија се уште е без селектор, откако Славољуб Муслин доби отказ, иако успеа да ја пласира селекцијата на нашиот северен сосед на Светското првенство во Русија. А за тоа до вечерва не дознал Новак Ѓоковиќ, кој дојде во белградска „Арена“ да го следи мечот од Евролигата меѓу Црвена Звезда и ЦСКА Москва. Како познат шоумен, тој се понуди, ако е потребно, да биде и селектор на фудбалерите на мундијалот.
„Си замина Муслин? Кој е нов селектор: Не знаев….Еве јас сум слободен. Имам многу пријатели во фудбалската репрезентација. Секоја им чест, се радував на нивните успеси“, порача Ѓоковиќ, и тоа секако беше забележано од српските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА