Пет и пол години откако основаше алтернативно здружение на професионални тенисери со Васек Поспишил, наречено Професионално здружение на тенисери, Новак Ѓоковиќ одлучи да го напушти.
Тој на социјалната мрежа „X“ тој ги наведе своите причини.
„По внимателно разгледување, донесов одлука целосно да се повлечам од Здружението на професионални тенисери (ПТПА). Оваа одлука доаѓа по долгогодишните загрижености за транспарентноста, управувањето и начинот на кој се претставени мојот глас и слика. Горд сум на визијата што ја имавме јас и Васек кога го основавме ПТПА – да им дадеме на играчите посилен и независен глас – но стана јасно дека моите вредности и мојот пристап повеќе не се совпаѓаат со моменталната насока што ја презема организацијата. Ќе продолжам да се фокусирам на тенисот, семејството и придонесот кон спортот на начини што се во согласност со моите принципи и интегритет. Им посакувам на играчите и на сите вклучени се најдобро во нивната понатамошна работа, но за мене ова поглавје сега е затворено“, напиша Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

