Новак Ѓоковиќ ќе се врати на тениските терени кон крајот на декември во пресрет на егзибициониот турнир во Абу Даби. По пет месеци пауза откако го повреди лакотот, српскиот тенисер се пријави за турнирот кој ќе се одржува од 28. до 30. декември.
„Среќен сум што се враќам во Абу Даби и што ќе учествувам на 10. издание на турнирот. Голема чест е што ќе настапувам на овој шампионат, конкуренцијата е силна и ќе биде вистински тест за моето враќање по повредата“, истакна Ѓоковиќ.
Србинот моментално е на 7. место на АТП листата, а три пати бил најдобар на турнирот во Абу Даби (2011, 2012, 2013 година), кој служи како подготовки за Аустралијан Опен. Покрај Новак, на овој турнир од елитата ќе учествуваат и Стен Вавринка, Рафаел Надал, Доминик Тим, Милош Раониќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА