Новак Ѓоковиќ ќе учествува на реавијалниот турнир во Монте Карло кој има хуманитарен карактер и му претходи на Мастерс турнирот на Азурниот брег.
Поранешниот прв светски рекет, моментно се опоравува од повредата на лакотот, поради која се откажа од одбраната на титулата на Мастерс турнирот во Мајами, но сигурно ќе биде подготвен за претстојните настапи во Монте Карло.
Според информациите објавени во француските медиуми, покрај Ѓоковиќ, на ревијалниот турни во Монте Карло ќе учествуваат Марин Чилиќ, Григор Димитров и Александер Зверев. Настапот дефинитивно го откажал Роџер федерер, а се уште е неизвесно дали ќе игра Кеи Нишикори.
Ѓоковиќ е двоен шампион во Монте Карло, но минатата година Србинот беше елиминиран од Јиржи Весели уште во второто коло и годинава брани само десет бода.
Турнирот во Монте Карло ќе се одржи од 15 до 23 април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА