Поранешната српска тенисерка Татјана Јечменица прерано го го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа на 47-годишна возраст.
Истата се случи во обиколницата околу Белград, кога се судриле патничко и товарно возило.
На социјалните мрежи се огласи и легендарниот тенисер Новак Ѓоковиќ кој кратко напиша: „Почивај во мир“.
Јечменица имаше значаен придонес за српскиот тенис, а своевремено беше и селекторка на Фед куп репрезентацијата на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

