Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ успешно го почна турнирот во Дубаи со победа на Лоренцо Музети од 2-0.
Тој по победата говореше за тоа дали ќе смее да настапи на турнирите во САД, Индијан Велс и Мајами, поради тоа што не е вакциниран.
„Како денеска стојат работите, не можам да влезам во САД. Што значи дека не можам да настапам на турнирите. Но, да видиме што ќе се случува. Можеби работите ќе се променат во следните неколку недели“, изјави Ѓоковиќ.
Србинот ќе го загуби првото место на АТП листата, доколку Русинот, Данил Медведев го освои турнирот во Акапулко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

