Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето од Мастерс-турнирот во Париз откако првиот носител по голема битка успеа да триумфира над Холанѓанецот Грикспор со 2-1 во сетови. Српскиот тенисер имаше катастрофален ден кога станува збор за сервисот, Ѓоковиќ нанижа дури седум двојни сервис грешки, но сепак успеа да најде начин да го совлада незгодниот противник.
Дуелот почна одлично за Ѓоковиќ, кој на самиот почеток направи брејк и ја одржуваше предност до 4-1. Потоа дојде до неочекуван пад кај најдобриот светски тенисер, што противникот го искористи, па Грикспор со неверојатна серија од пет гејма го доби сетот со 4-6. Холандскиот тенисер делуваше одлично и во текот на вториот сет, но во тајбрејкот пресуди искуството на Ѓоковиќ, кој рутински триумфираше со 7-2, израмнувајќи на 1-1 во сетови.
Новак прв стигна до брејк во решавачкиот сет поведувајќи со 4-2, Грикспор возврати и израмни на 4-4, но Ѓоковиќ собра сили за нов брејк и го доби овој дуел со конечни 4-6, 7-6, 6-4.
Следен противник на српскиот тенисер ќе биде победникот од вечерашниот дуел меѓу Холгер Руне од Данска и Даниел Алтмајер од Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

