Ѓоковиќ шоу во Лондон: На „хејтерите“ им посака „Гууууд нааајт“ (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ без проблеми се пласираше во ново четвртфинале на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон откако славеше против Данецот, Холгер Руне со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-4 и 6-2.

„Have a good night“, ова значи „добра ноќ“ на англиски, а токму тоа им го посака Новак на навивачите на Холгер Руне кои го испровоцираа во меч во кој тој апсолутно доминираше.

„На сите фанови кои се со почит и беа овде вечерва, многу ви благодарам. На сите што решија да не ме почитуваат, им посакувам: „Гууууд најт“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...