Ѓоковиќ: Што е проблем? Ние сме двајца старци!

Новак Ѓоковиќ со квалитетно издание за два часа и во три сета го реши Станислас Вавринка за пласман во осминафиналето на Вимблдон.

Бранителот на титулата во Лондон беше подобар од Вавринка лесно доаѓајќи до победата…

„Мора да кажам дека неверојатно е се она што Стен го работи во тие години, после толку операции“ – рече Ѓоковиќ во синоќешното обраќање пред публиката по мечот, што предизвика смеа на трибините:

„Што е проблем? Па ние сме двајца старци. Тоа мора да се знае. Неверојатно е и инспиративно. Тој беше приморан да падне во ранкингот па да се врати. Одлично момче е, и му посакувам се најдобро во иднина“.

А, мечот мораше да се заврши за нешто малку повеќе од два часа, со оглед на тоа што тенисот на Вимблдон запира во 23 часот по локално време…

„Бев на два поени од продолжение и заминување во нареден ден. А, не го сакав тоа. Паднав во играта во последниот сет, но успеав да се извлечам“ – рече Ѓоковиќ.

Се вчитува...