Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми се пласираше во третото коло од Ролан Гарос, откако мина на теренот само 93 минути за да го победи Хенри Лаксонен со максимални 3-0 во сетови. Самиот почеток беше доволен доказ за односот на силите, првиот носител лесно поведе со 5-0 и потоа го доби почетниот сет со убедливи 6-1. Швеѓанецот беше нешто посериозен ривал во преостанатите два сета, во кои освои четири, односно три гејма, за убедлив пораз од големиот фаворит.
Ѓоковиќ не би требало да има посериозни проблеми ниту во третата рунда, во која ќе се сретне со Салваторе Карузо од Италија, кој денеска во три сета го совлада Жил Симон.
Алекс Зверев прикажа многу посигурна игра отколку во првото коло, па германскиот тенисер денеска славеше со 3-0 во дуелот со Имер. Многу потешка задача Зверев би требало да има во третата рунда, кога против себе ќе го има српскиот тенисер Душан Лајовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА