Ѓоковиќ си одбра интересен спаринг-партнер како подготовка за денешниот меч на УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше интересна увертира пред третата рунда натпревари на УС Опен.

На официјалниот тренинг пред мечот со Ласло Џере, Новак се загреваше со синот на милијаредрот Гордон Јулинг, човекот кај кого е сместен во Њу Џерси за време на престојот во САД.

Ѓоковиќ последните години за време на УС Опен не е сместен во Њујорк, туку престојува во северниот дел на Њу Џерси, на имотот на својот добар пријател и соработник кој е инаку поранешен тенисер а сега исклучително моќна личност во САД.

Се вчитува...