Ѓоковиќ: Синот на Меси ми рече дека ако сакам трофеј во финалето мора да бидам 10/10

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ по пласманот во финалето на АТП турнирот во Мајами одговараше и на прашањата околу средбата и со Лионел Меси кој мечот го следеше од трибините.

„Јас неколку пати сум го гледал Меси во живо. Мислам дека еднаш беше на Светското првенство, кога триумфираше со Аргентина. И еднаш минатата година, на дуел меѓу Лос Анџелес и неговиот Интер од Мајами. Прекрасно е што го запознав и неговото семејство. Фактот што ме гледаше ме направи многу среќен и возбуден, но и јас бев малку под притисок, тоа морам да го признаам“ – изјави Новак по мечот не криејќи дека силен впечаток кај него оставиле и синовите на Меси.

„Еден од неговите синови ја оцени мојата игра со осум на скала од десет, што е прилично добро. Тој со сериозно лице ми рече дека морам да бидам 10/10 на следниот натпревар во финалето ако сакам трофеј. Затоа имам сериозен притисок од синот на Меси. Малку се пошегувавме, беше убаво да се запознаеме со целото семејство. Тоа беше навистина впечатлив момент за мене, затоа што секогаш и Меси е заедно со своето семејството. Секако, ме трогна неговата желба да поминеме малку време со мене, навистина го ценам тоа што го направи“ – рече Ѓоковиќ.

Следува борбата за 100-от трофеј во кариерата.

„Откако го освоив 99-от трофеј на Олимписките игри во Париз, имав шанса да ја бркам таа специјална, 100-та титула. Го играв финалето во Шангај, бев блиску. Потоа полуфиналето во Мелбурн. Се обидував да го најдам потребното ниво на тенис што ќе ме стави во позиција да се борам за голем трофеј. Ете, сега ова е голема можност, па да видиме што ќе се случи“ – заклучи Ѓоковиќ.

Се вчитува...