Новак Ѓоковиќ призна дека бил напнат и под стрес на теренот за време на мечот во кој ја постигна својата 400-та победа во кариерата на еден грендслем, а имаше и порака за своето помладо јас – „кретен“.
Ѓоковиќ загуби од Ботик ван де Зандшулп на Индијан Велс минатата година, но му се одмазди со победа од 6-3, 6-4, 7-6(4) на Австралија Опен. Србинот изгледаше како да е во одлична форма кога водеше во првите два сета, но Ван де Зандшулп направи брејк на почетокот на третиот, држејќи исто така две сет-поени на сервисот на Ѓоковиќ пред четвртиот носител да го освои тај-брејкот.
38-годишникот, исто така, фрустрирано удри топче за време на натпреварот, кое за малку промаши дете кое собираше топки. И свирежите се прекинаа кога се соочи со судијата во третиот сет.
Ѓоковиќ изгледаше напнат во израмнетиот трет сет и призна дека бил под стрес на теренот. За време на интервјуто на теренот, беше прашан што би му рекол на своето помладо јас, а тој даде урнебесен одговор.
„Смири се, кретену!“, се насмеа Новак.
„Вистина е, вистина е. Многу често сум под стрес на теренот, а понекогаш и премногу напнат, а мислам дека исчезнува трпението. Кога сме помлади, без оглед на областа од животот во која делуваме мислам дека сакаме сè тука и сега, денес“, додаде српскиот ас.
Сега, како ветеран, тој продолжи со својата порака за младите.
„Мислам дека треба само малку трпение и доверба во процесот, да се опкружите со вистинските луѓе бидејќи ние сме индивидуален спорт, па тоа е еден од најголемите клучеви на почетокот на кариерата на еден млад тенисер, не само што треба да верувате и слепо да го следите она што ви се кажува, туку и да го градите својот карактер“.
Новак Ѓоковиќ се квалификуваше за втората недела од Отвореното првенство на Австралија по 18-ти пат, а неговиот следен ривал ќе биде Јакуб Меншик.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

