Ѓоковиќ со 3-0 преку Бугаринот Димитров до 1/8 финале во Австралија

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен откако славеше против Григор Димитров со 3-0 (6-7, 3-6, 4-6). Српскиот тенисер се мачеше во првиот сет кој траеше речиси два и пол часа, но потоа лесно се справи со отпорот на Бугаринот за место во следната фаза.

Ѓоковиќ во походот кон јубилејната десетта титула на првиот гренд-слем турнир во сезоната во следната фаза ќе се сретне со Австралијанецот Де Минуар кој пак славеше со 3-0 против Бонзи.

Во осминафиналето претходно се пласираа и Рубљев, Руне, Пол, Волф и Шелтон кои со 3-0 беа подобри од Еванс, Хумберт, Броксби, Мох и Попирин, додека за последното место во следната фаза се борат Мари и Баутиста.

Се вчитува...