Британскиот тенисер Енди Мареј, вчера стави крај на својата блескава кариера. Некогашниот број 1 го одигра својот последен меч на ЛОИ во Париз во 1/4 финалето на двојки со Даниел Еванс.
Новак Ѓоковиќ му испрати емотивна порака на Мареј по неговото пензионирање.
„Енди, сите се надевавме дека овој момент нема да дојде, но еве го. Само сакам да ти честитам за неверојатната кариера. Многу Грен слем трофеи, светски рекет број еден, два олимписки златни медали, Дејвис куп. Навистина, ти направи сè неверојатно, честитки до тебе и твоето семејство “, рече Новак и додаде:
„Се враќам во времето, мислам дека имавме 11 години кога првпат се сретнавме на теренот. Имавме неверојатни натпревари, ривалство. Игравме во финалето на сите Грен слемови, ти како Британец го освои Вимблдон после 77 години, за жал против мене во финалето, но тоа е посебен, историски момент, кој го ценам и благодарен сум што бев дел од него“, додаде Србинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

