Ѓоковиќ со лесен старт, Вавринка елиминиран на Ролан Гарос

Поранешниот тенисер број еден во светот, Новак Ѓоковиќ, лесно го мина првото коло на земјениот тениски гранслем, Ролан Гарос. Во стартната рунда, српскиот тенисер одигра само три сета во победата против Бразилецот, Рожерио да Силва. Во првиот сет, Ѓоковиќ на противникот му препушти само три гема, а во следните два, Да Силва успеа да освои по четири гема.

Ролан Гарос е последниот гранслем турнир што го освои Ѓоковиќ. Во Париз триумфираше во 2016 година пред да влезе во резултатската криза.

Ролан Гарос уште во првото коло заврши за швајцарскиот тенисер, Станислас Вавринка. Тој во воведното коло претрпе пораз во пет сета од Шпанецот, Гилермо Гарсија Лопез (2-6, 6-3, 6-4, 6-7, 3-6).

 

 

Се вчитува...