Ѓоковиќ со неверојатен гест по мечот кон Дино Прижмиќ: „Предобар е, сакам да бидам во неговиот тим во иднина“ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ одигра повеќе од тежок меч против 18-годишниот хрватски тенисер Дино Прижмиќ кој пружи извонреден отпор и покажа дека ќе биде еден од тенисерите кој ќе реди титули во иднина.

По мечот, и самиот Ѓоковиќ приреди неверојатен гест долго поздравувајќи се со пофални зборови за младиот Прижмиќ…

„Неверојатен е. Предобар е. Толку зрел за своите години. Господе, па јас имам двојно повеќе години од него, а тој, за некој кој првпат игра на ваква сцена, играше неверојатно. Во иднина ќе гледаме многу што од него, а јас би сакал да сум во неговиот тим некогаш кога ќе освојува титули“ – рече по мечот Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ имаше гест и за восхит кај тенискиот свет покажувајќи ја уште еднаш својата големина кога побара и долготрајни аплаузи од трибините за Хрватот.

Се вчитува...