Крис Кермод веќе нема да биде претседател на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП). Интересен е фактот бидејќи оваа одлука во тениските кругови се смета како голема победа на првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, кој отворено го напаѓаше досегашниот прв човек на асоцијацијата.
Британецот челното место во АТП ќе го напушти на крајот на годината.
„Беше привилегија да работам како директор и претседател на АТП од 2014 година. Горд сум на она што го постигнавме изминатиот период. Им благодарам на сите во АТП, на сите играчи и организатори на турнирите на подршката. Ќе останам потполно посветен на улогата до крајот на својот мандат, а на организацијата и посакувам успех и во иднина“ – рече Кермод.
Во последно време се шпекулираше на големо незадоволство на голем ден од професионалните играчи, кои беа предводени од прворангираниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ кој е и претседател на Унијата на играчи.
„Нема да одговорам на Вашето прашање. Нема да го искажам личниот став. Споделувајќи ја таа информација би се изложил себе и би станал подложен на кршење на довербата внатре во организацијата. Имаше многу позитивни работи како првиот АТП куп во 2020 година и финалниот турнир за младите тенисери, но има и многу работи кои мора да се променат внатре во системот“ – изјави Ѓоковиќ.
Од друга страна најголемите ривали на Србинот, Рожер Федерер и Рафаел Надал беа на страна на Кермод.
„Поборник сум на долготрајните проекти, не сакам кога работите често се менуваат. Навистина мислам дека многу работи треба да се направат, тука и организацијата на АТП купот. Кога често ги менувате работите, тогаш тоа е процес. На новиот претседател ќе му треба време да се запознае со сите, како АТП функционира и како да формира тим. Затоа, според мене промената на првиот човек ќе го укочи процесот“ – рече Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА