Ѓоковиќ со очекувана одлука по фијаското против Синер

Новак Ѓоковиќ одигра катастрофално против Јаник Синер во полуфиналето на Австралија Опен, а слабото издание на омилениот гранслем турнир го натера Ѓоковиќ да ги промени плановите, па да си земе продолжен одмор во наредниот период.

Како што е објавено во текстот на официјалната веб-страница на АТП, следен турнир на кој ќе учествува најдобриот светски тенисер е оној во Индијан на почетокот од месец март. Ѓоковиќ го зел цел февруари слободно, за тренинзи и подготовки за следните предизвици во 2024 година, во која Србинот веќе најави дека ќе игра сигурно само на четирите гранслем турнири и на ОИ во Париз, а за сите останати турнири одлуките ќе ги носи дополнително.

Одморот нема да се одрази на неговиот ранкинг, ако се знае дека неговата предност во однос на Алкараз на новата АТП-листа ќе изнесува 600 поени. Сепак, Алкараз ќе брани 550 поени во февруари, за титулата во Буенос Аирес и финалето во Рио, додека Ѓоковиќ ќе загуби само 180 поени што нема да игра во Дубаи, каде лани стигна до полуфиналето.

За потсетување, Новак Ѓоковиќ минатата година не настапи ниту во Индијан Велс ниту во Мајами, па Србинот има можност со победи на овие два Мастерс-турнири да освои нови 2.000 бода и уште повеќе да се зацврсти на врвот на АТП-ранкингот.

Се вчитува...