Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби битката со Холгер Руне во првиот меч на АТП турнирот во Торино и заработи 200 бодови со кои ја осигура првата позиција на АТП листата до крајот на сезоната. Со тоа постави и нов рекорд како единствен тенисер во историјата која осум години завршува како првопласиран тенисер.
Ѓоковиќ кој не ја криеше желбата да постави што повеќе нови рекорди на социјалните мрежи објави и видео од прославата на историскиот податок. Заедно со својот тим Србинот заигра на познатата кубанска песна „Гвантанамера“.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА