Ѓоковиќ со победа го најави походот на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја преброди и последната пречка пред настапот на Вимблдон.

Ѓоковиќ во егзибициски натпревар на турнирот „Џорџо Армани тениски класик“ во Харлингем, беше подобар од Франсис Тијафо победувајќи со 2-1 во сетови.

По неполн час и половина, Србинот славеше со 6-3, 3-6 и 10-7 во тај-брејк.

Се вчитува...