Ѓоковиќ со поддршка за српските студенти: Младите се најголемата сила на Србија

Српското образовение со денови е блокирано поради блокадите на студентите на сите факултети во Белград, Ниш и во Нови Сад, кои со протести бараат казна за виновницит за големата трагедија на автобуската станица во Нови Сад, каде животот го загубија 15 лица.

Движењето добива се поголема поддршка од јавните лица кај нашиот северен сосед, а тенискиот ас Новак Ѓоковиќ е последниот во низата врвни спортисти кои застанаа зад студентите.

„Како некој што длабоко верува во силата на младите луѓе и нивната желба за подобра иднина, верувам дека е важно нивниот глас да биде слушнат. Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила. Она што на сите нас ни е поребно е меѓусебно разбирање и почитување. Со вас, Новак“, напиша Ѓоковиќ на своите профили на социјалните мрежи.

Се вчитува...