Ѓоковиќ со пофалба за младиот тенисер кој го намачи: Башавареди беше подобар од мене

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата се пласираше во второто коло од првиот грен-слем во сезоната, Австралија Опен.

За противник најдобриот тенисер на светот го имаше Нашиш Башавареди, а за потврда на фаворитската улога му беа потребни речиси три часа и тоа откако американскиот тенисер беше оној кој го доби првиот сет па Ѓоковиќ упати пофални зборови за младиот противник по крајот на мечот.

„Басшавареди беше подобар од мене на почетокот и имаше силни удари, па ми создаде многу проблеми. Да бидам искрен, начинот на кој игра е одличен затоа што секогаш овие натпревари се тешки и проблематични. Ме изненади пријатно, но најдов начин како да го победам“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...