Ѓоковиќ со рутинска победа на стартот на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше во првото коло на Ролан Гарос, триумфирајќи против Американецот Макензи Мекдоналд.

Славеше во три сета, со 6-3, 6-3, 6-3, а неговиот следен ривал ќе биде подобриот од француската пресметка меѓу Муте и Табур.

Новак одигра одличен меч против Мекдоналд и доста рутински стигна до 97-от триумф во кариерата во Париз.

Се вчитува...