Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ забележа рутинска победа на стартот од својот настап на АТП турнирот во Бризбејн.
Во првото коло на турнирот во поединечна конкуренција славеше против домашниот тенисер Ринки Хиџиката со 2-0 (6-3, 6-3) со што на најдобар можен начин ја заврши 2024 година.
Овој триумф означува и почеток на новата сезона за Ѓоковиќ и старт на патот кон својата 100-та титула во кариерата.
Во второто коло, Ѓоковиќ ќе се сретне со францускиот тенисер Гаел Монфис со кого во кариерата има 19 дуели и 19 победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА