Ѓоковиќ со српско коло се појави на „Род Лејвер“ арената

Новак Ѓоковиќ зачекори на теренот  на „Род Лејвер“ арената како дел од традиционалниот хуманитарен настан.

На теренот првиот светски рекет го пречекаа хармоника и српското културно-уметничко друштво, а колото го предводеше токму Новак. Следуваше ревијален меч во двојки, на кој партнерка му беше Арина Сабалјенка, додека од другата страна на мрежата беа Грците Стефанос Циципас и Марија Сакари.

На пауза меѓу два гејма, на Ѓоковиќ му пријде коментаторот на дуелот кој го праша за состојбата на повредата на десната рака, која го мачеше за време на Јунајтед купот.

„Засега се е во ред!“, изјави кратко српскиот ас.

Се вчитува...