Нов Ѓоковиќ со победа над Роман Сафиулин (6-1, 7-6) обезбеди пласман во финалето од турнирот во Тел Авив.
Србинот е голем фаворит за титулата. Неговата победа беше очекувана, а противник во утрешното финале ќе чека од дуелот меѓу Констан Лестиен и Марин Чилиќ.
Првиот носител го отвори мечот со два брејка во низа. Тоа му донесе висока позитива и рутински прв сет во своја корист. Рускиот ас даде поголем отпор во продолжението од мечот. Публиката имаше можност да гледа поинтересен сет, кој сепак, во тај-брејк, заврши во полза на големиот шампион.
Ѓоковиќ славеше на Вимблдон, а потоа направи приморана пауза, поради забраната да патува во Соединетите Американски Држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА