Ѓоковиќ стана ко-сопственик на француски фудбалски клуб

Добро е познато колку Новак Ѓоковиќ го сака фудбалот, а сега официјално стана дел од „најважната споредна работа на светот“.

Како што објавија светските медиуми, најдобриот тенисер на сите времиња стана ко-сопственик на францускиот второлигаш Ле Ман.

Српскиот тенисер често се гледа на фудбалски натпревари низ цела Европа и светот,  а познато е и дека има „свој“ клуб во речиси секоја голема лига. Навива за Црвена Звезда, но ги следи и Милан во Италија, Реал Мадрид во Шпанија… Монако во Франција, Бенфика во Португалија…

Покрај Ѓоковиќ, акции во клубот имаат и поранешните возачи на Формула 1, Фелипе Маса и Кевин Магнусен.

Се вчитува...