Ѓоковиќ стартува против квалификант, на патот до финалето може да се сретне и со Мареј

Првиот носител и најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со квалификант на стартот на Австралија опен, беше решено со ждрепка рано изутрина по средноевропско време.

Србинот ја брани титулата во Мелбурн, а доколку победи на стартот, во второто коло најверојатно ќе се соочи со подобриот од домашното дерби Алексеј Попирин или Марк Полманс.

Ноле, кој се опорави од повредата на лактот заработена на Јунајтед купот, во третото коло би можел да се соочи со Енди Мареј или Гаел Монфис, а неговите можни ривали во четвртото коло се Стен Вавринка и Роберто Баутиста Агут.

Во полуфиналето Ѓоковиќ би можел да се сретне со Јаник Синер со кој во последните три меча има два порази, додека на другата страна од жребот како главни фаворити се Карлоз Алкараз и Данил Медведев.

Се вчитува...