Ѓоковиќ супериорно до ново финале

Новак Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека е тенисерот во убедливо најдобра форма во моментов откако без многу мака го реши Кевин Андерсон за пласман во големото финале од АТП-шампионатот.

Ѓоковиќ покажа како се оправдува фаворитска улога, откако попладнево тоа не му успеа на Роџер Федерер, па од самиот почеток јасно му стави до знаење на Андерсон „кој е кој во светскиот тенис“, доминирајќи од првиот до последниот гејм во вечерашното полуфинале.

Мечот почна со брејк на самиот старт, по што Ѓоковиќ уште еднаш го освои сервисот на противникот и го доби првиот сет со 6-2. Вториот сет почна идентично, со брејк на Србинот, по што Новак рутински триумфираше со идентични 6-2.

Новак Ѓоковиќ утре во големото финале ќе се сретне со Александар Зверев, кого пред неколку дена во групната фаза од овој турнир го совлада со 2-0 во сетови.

Се вчитува...