Ѓоковиќ „свиреше виолина“ за својата ќерка по пласманот во финалето на Вимблдон (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во големото финале на најпрестижниот грен-слем турнир „Вимблдон“ со убедлива победа од 3-0 над италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети со што воедно закажа реванш на минатогодишното финале против Карлос Алкараз.

Пласманот во финалето Србинот го прослави со карактеристично „свирење на виолина“, прослава посветена кон неговата ќерка Тара. Дел од публиката на стадионот му ракоплескаше, но можеа и да се слушнат свирежи.

Се вчитува...