Новак Ѓоковиќ испрати три големи тениски легендри и воедно три големи ривали во пензија. Пред две години беше дел од збогувањето со Роџер Федерер, пред десетина дена и на пензионирањето на Рафаел Надал, а сега и на церемонијата во чест на Мартин дел Потро.
Поради тоа емотивно говореше за медиумите, велејќи дека е горд на тоа што е член на една златна ера на тенисот.
„Тажен сум, најголемите ривали ми се пензионираат. Јас и понатаму играм и верувам дека сум член на една златна ера. Федерер, Надал, Мари, Делпо, Вавринка… Тоа е една специјална ера на нашиот спорт. Нашите кариери поминаа низ влијание на овие ривалства во последните петнаесетина години“, вели Ѓоковиќ кој сепак не планира и самиот да се повлече.
„Еден дел од мојата личност заминува со нив, но и понатаму чувствувам голем мотив. Сега работам со нов тренер, еден од моите најголеми ривали и тоа ме инспирира да видам дали можеме да направиме уште големи работи за нашиот спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА