Ѓоковиќ тренираше на терените на Вимблдон (Фото)

Новак Ѓоковиќ е чекор поблиску до настап на Вимблдон откако најдобриот тенисер на денешницата допатува во Лондон и веќе го имаше и првиот тренинг на тревната подлога.

Србинот експресно се рехабилитира по операцијата на менискусот, по повредата заработена на Ролан Гарос, па реши да отпатува на „островот“ и да одработи неколку тренинзи пред да донесе конечна одлука дали ќе настапи на Вимблдон. Првите знаци се позитивни, Србинот делуваше моќно за време на тренингот, а извори до Новак тврдат дека тој е многу блиску до конечна одлука.

Ѓоковиќ е оптимист дека може да ги издржи напорите на Вимблдон, воедно и да го искористи овој турнир за главниот настан за него за оваа календарска година, настапот на ОИ во Париз.

Овогодинешното издание на Вимблдон стартува следниот понеделник, на 1 јули.

Се вчитува...