Новак Ѓоковиќ многу потешко од очекувањата ја стартуваше оваа 2017 година, откако вториот светски рекет по тешка битка славеше на премиерниот меч во Доха, Катар. Србинот против себе го имаше 63. рангираниот светски тенисер Јан Ленард Штруф од Германија, кој изненади со фантастична игра на стартот од првиот сет.Имено, Штруф поведе со фантастични 5-1, но Германецот немаше сили да продолжи во ист ритам. Во меѓувреме Новак се разбуди од „зимскиот сон“, па експресно се врати во мечот и поведе со 1-0, добивајќи го тајбрејкот во првиот сет. Следеше брејк на почетокот од вториот сет, со што Ѓоковиќ стигна до триумф од 7-6, 6-3.Следен ривал на Ѓоковиќ на турнирот во Доха ќе биде подобриот од дуелот Цебалос – Мајер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА