Ѓоковиќ тргна со лесна победа на Ролан Гарос

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ натпреварувањето на Ролан Гарос каде ја брани титулата го започнa со убедлива победа над Јошихито Нишиока, славејќи со 3-0.

Првиот носител играше импресивно во текот на целиот меч, препуштајќи му на противникот само четири гејма, за конечен триумф од 6-3,6-1, 6-0.

Што се однесува до првиот ривал, за Србинот ова беше третпат да се сретне со Јапонецот и да обезбеди исто толку победи. Класата на Србинот пресуди, кој по скратена постапка го реши противникот за пласман во второто коло.

По титулата во Рим, Ѓоковиќ покажа дека во супер форма го очекува вториот Грен слем во сезоната.

 

 

Се вчитува...