Ѓоковиќ тргна триумфално во новата година

Новак Ѓоковиќ лесно и убедливо ја стартуваше 2023 година, славејќи убедливо на стартот од турнирот во Аделаида. Негов ривал беше Французинот Констан Лестиен, кој немаше одговор за играта на Ѓоковиќ, па овој меч заврши со убедливи 6-3, 6-2 за најдобриот тенисер на денешницата.

Израмнет беше само стартот на вториот сет, по што Ѓоковиќ влезе во ритам, направи брејк и го доби со 6-3. Доминацијата на Србинот продолжи и на почетокот од вториот сет, по што следеше експресно водство од 4-0, по што тој рутински го доби сетот со 6-2.

Следен противник на Ѓоковиќ на турнирот во Аделаида ќе биде уште еден Французин, Квентин Халис.

Се вчитува...