Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е возбуден поради егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ кој ќе се игра во Саудиска Арабија.
Најавното видео беше спектакуларно, а Ѓоковиќ беше претставен како мистичен херој кој живее длабоко во планините со волци.
„Едноставно сум возбуден поради турнирот „Шест кралеви“. Ја обожавам промоцијата. Промо видеото е најдоброто што сум го видел во тенисот. Благодарен сум за поканата. Јас и моите волци сме подготвени“, напиша Новак.
Турнирот во Ријад ќе се игра меѓу 16. и 19. октомври и победникот ќе добие шест милиони долари. Покрај тоа, секој учесник на почетокот доби по еден и пол милион. Покрај Новак ќе играат Јаник Синер, Карлос Алкараз, Рафаел Надал, Даниил Медведев и Холгер Руне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА