Завршниот турнир во Торино и оваа година финишираше со триумф на Јаник Синер, кој го крена трофејот без ниту еден загубен сет, во финалето триумфирајќи над вечниот ривал Карлос Алкараз.
Новак Ѓоковиќ непосредно пред почетокот го откажа настапот на овој турнир, а интересно е што Србинот успеа да урне нов рекорд дури и во ситуација кога воопшто не играше. Имено, резултатите во Торино придонесоа Ѓоковиќ да скокне за едно место на најновата АТП-листа, со што големиот моментно е четврти светски рекет.
Со тоа, Ѓоковиќ стана тенисер со најмногу минати седмици во Топ 4 на светскиот тенис, дури 808. Од нив повеќе од половина Новак мина на самиот врв (дурии 428 седмици), на второто место беше 171 недела, на третото 157 недела, а на четвртото најмалку – 52 или точно една година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

