Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е најголем: Спаринг тренер со дечиња од Ријад кој ќе го помнат цел живот (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ е во Саудиска Арабија каде во среда ќе има егзибициски дуел со Карлос Алкараз. Тој веднаш по пристигнувањето во Ријад беше гостин на организаторите на натпреварот.

Колку е популарен во Саудиска Арабија говори и фактот што по примерот на некогаш големите холивудски ѕвезди, тој остави отпечатоци од своите раце.

После тоа, Новак уживаше во спаринг со најмладите фанови од оваа земја. Инаку, Новак и Алкараз ќе играат во среда не пред 16 часот по средноевропско време.

Се вчитува...